Европскиот ден на соработка

По повод „Европскиот ден на соработка“ во организација на Министерството за Локална самоуправа и ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, со ученици од 1 одделение од ОУ„Климент Охридски“ беше одржан едукативен час насловен како „Ајде да селектираме и рециклираме“.

Едикативниот час за начинот на селекција, придобивките од неа, заштитата на животната средина и здравјето на луѓето се одржа на платото за мануелна селекција и работните простории во „Комуналец“.

Вработени од „Комуналец“ го презентираа начинот на селекција во домашни услови по принципот на селекција „врата до врата“ со две канти. На учениците им беше објаснето кој отпадни материјали во која канта треба да се одлагаат и зошто е битно да се селектира отпадот. Учениците покажаа голема интерактивност и се интересираа зошто отпадот не треба да се меша, како е можно од отпад да се прават нови производи, како се мие отпадот кој е извалкан и кој го прави тоа. Посебен интерес покажаа за рециклирањето на стара отпадна хартија, со која се зачувуваат дрвјата од сечење и колку е безбедно здравјето на децата доколку се селектира отпад.

Со функционирањето и дејноста која ја извршува „Комуналец“ ги запозна в.д директорот Звонко Јованоски, кој им објасни зошто е битен „Комуналец“ и комуналните работници.

„Ние работиме услуга која е од јавен интерес за граѓаните. „Комуналец“ се грижи отпадот да биде навремено подигнат од вашите домови, воедно се грижи улиците и тротоарите да бидат чисти, за да имаме здрава животна средина. Она што посебно го правиме за градот, а најмногу за најмладите, тоа е одржувањето на парковите, каде децата во секое време имаат катче за уживање забава и релаксација. Прилеп, е еден од ретките градови каде се селектира отпадот, освен во градот, годинава започнвме и селекција во населените места. Во тек е набавка на нови корпи за отпадоци кој ќе бидат распределени во домовите каде сеуште немаат канти за селекција. Според Министерството за животна средина и „ Пакомак“, Прилеп, селектира отпад колку што вкупно селектираат сите градови во Македонија. За годинава „Комуналец“ бележи раст од 10% во селектирање на отпадни материјали, тоа ни дава поттик да продолжиме и понатаму да вложуваме во одделението за селекција на отпад, во обука на вработените, во едукација на населенинието, но и во материјални средства кој се неопходни при процесот во работењето“ – истакна в.д директорот Јованоски.

Јованоски, им се заблагодари на најмладите и на наставниците што покажуваат желба и интерес да го селектираат отпадот, а со тоа истите придонесуваат за заштита на животната средина и здравјето на луѓето.

Наставникот, Весна Вељаноска, посочи дека јавните претријатија и институциите треба да имаат повеќе вакви едукативни средби, организрани од сите дејности, со цел, учениците низ практична настава да се запознаваат со навиките и однесувањето.

По едукативниот час учениците го посетија и паркот на „Могилата“ каде наставниците ги учеа најмалдите како да се однесуваат кога се во парк, каде да ги одлагаат отпадоците и како да не наштетуваат на зелените површини, дрвјата и поставената комунална инфраструктура.

По едукативниот час учениците беа почестени од вработените во „Комуналец“ и беше изразена благодарност кон нив што имаат интерес и желба од мали нозе да си го сакаат градот, да се однесуваат културно и коректно спрема местото каде живеат, а со тоа да допринесуваат градот да ни биде убав и чист.

Можеби ќе ви се допадне