За фестивалот на пивото, камперите ќе уживат во паркот на Могилата

Зеленило, ладовина, чиста вода, прекрасен поглед на градот, обезбедено бесплатни топли напитоци и појадок, туш кабини и беспрекорна гостопримливост, ќе имаат камперите кои ќе се одлучат четирите фестивалски денови на пивото да ги поминат во Прилеп. Во организација на Локалната самоуправа и ЈКП„Комуналец“ подготвен е камперскиот простор за сите љубители со авантуристички дух.

Оваа година за разлика од претходните, поголема е застапеноста на македонските изведувачи, што значи дека се издвојува повеќе простор за македонската уметност, но забавите ќе кулминираат со познати балкански ѕвезди. На импозантната бина ќе настапат Жељко Јоксимовиќ, Шабан Шаулиќ, македонскиот музички „амбасадор“ Кирил Џајковски, а во петок резервирана е рок вечер со „Црвена јабука“ и „Ван Гог“.

Фестивалот на пивото и скарата „Пивофест 2018“, започнува денеска, четврток 12 јули и ќе трае до недела, 15 јули.

Можеби ќе ви се допадне