Пред Велигден, комплетно исчистени и уредени гробиштата

Иако, ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, редовно ги чисти и одржува Старите и Нови градски гробишта, посебно внимание се обрнува пред големите православни празници. Комплетно беа искосени Старите и Нови градски гробишта, се изврши целосно чистење на остатоци од лисјата од дрвјата, се уредуваа патеките и се изврши миење на асфалтните патеки на Новите градски гробишта. Се постави и нов слој асфалт на паркингот пред влезот на гробиштата.

Со цел да излезе во пресрет на граѓаните кои во попладневните часови ги посетуваат и чистат гробовите, ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, воведе и втора смена пред празниците.
Планирано е наредниов период да се пристапи кон засадување на дрвја околу гробиштата, со што ќе се формира зелен појас.